ДОМ со силна поддршка од Данските Зелени

Сподели

 

Викендов Зелената партија ДОМ, граѓанското здружение „Зелена планета за сите” и претставнициод Зелено Левата партија на Данска, организираа работилница за зелени политики и јакнење на капацитетите на партијата. Работилницата ја водеа Маја Морачанин, Ана Угринска и Ервин Реџепагиќ од ДОМ и Тролс Стру Шмит и Александер Мирхој, од данската Зелено Лева партија.

 

 

Беше договорена понатамошна повеќегодишна соработка и партнерство помеѓу двете сестрински партии кои се полноправни членки на Европската Зелена Партија. Се потенцираше силната поддршка од данската Зелено Лева партија за македонскиот евроинтеграциски процес. Акцентот на работилницата беше ставен врз локалното партиско организирање и зајакнување на локалните ограноци, како и на младинската организација на ДОМ-МОДОМ и обезбедување поголема вклученост на младите во креирањето и спроведувањето на зелените политики. Се дискутираше за актуелната политичка состојба во двете држави, за политиките за надминување на предизвиците поврзани со енергетската, економската и климатската криза.

 

 

Се истакна решителната определба за продолжување на транзицијата од фосилни кон обновливи извори на енергија од сонце и ветер и воспоставување енергетска ефикасност, како ефикасен начин за борба против климатските промени и обезбедување енергетска независност и безбедност.