Финансиска полиција со пријава против лице со лажни сертификати за ISO Стандарди

Сподели

 

Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против едно лице, во својство на ко-сопственик и управител на Друштво за техничка контрола и сертификација Еуро Церт ДОО увоз – извоз Скопје, во ликвидација, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Фалсификување исправа по член 378 став 1 и Измама по член 247 став 1 а вв ст 4 вв со член 45 од Кривичниот Законик на РСМ.

Пријавениот, искористувајќи ист траен однос и прилики од 2017 година до 2021 година, во Скопје, изготвил лажни сертификати за ISO Стандарди 9001:2015 Ситем со управување со квалитет, 14001:2015 Систем за заштита на животната средина и 45001:2018 Систем за заштита на здравје и безбедност при работа, со намера за себе да се стекне со противправна имотна корист, доведувајќи во заблуда повеќе правни лица со лажно прикажување како да се вистински, а истиот бил свесен и знаел дека соработката со странското правно лице му е прекината и при изготвувањето на горенаведените сертификати, го користел логото на странското правно лице, се со цел, да се стекне со противправна имотна корист.

Пријавениот знаел и бил свесен дека изготвените Сертификати за ISO Стандарди се лажни и со невистинита содржина, ги дал на повеќе правни субјекти за да ги употребат како вистински, за што со ваквите превземени дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во значителна вредност, во вкупен износ од 6.179.272 денари, информираат од Управата за финансиска полиција.