Левица: Бесрамни се реакциите на ВМРО ДПМНЕ по нападот на наш волонтер

Сподели

lev-777x287

Политичката партија „Левица“преку писмено соопштение утрово, вторник, го осудувуа вчерашниот настан во кој нивен член кој го критикуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ додека тој шеташе низ погодените од поплави подрачја, беше нападнат од член на неговата придружба.

„Многу членови на Левица се на терен и им помагаат на граѓаните погодени од поплавите и од негрижата на режимот. Нашиот член кој беше нападнат е еден од оние наши членови кои најмногу се вложуваат во помагањето на жителите на погодените села. Нека лицето Н. Г. земе пример од него, нека престане да парадира и нека даде конкретна помош. Воедно, Левица упатува повик до сите политичари да престанат со сликањето во поплавените подрачја. Помошта е најискрена кога е анонимна, а не кога се разгласува на сите фанфари.

ВМРО ДПМНЕ вчера се огласи писмено тврдејќи дека личноста која што го нападна волонтерот на „Левица“ не бил член на обезбедувањето на Груевски и сетоа ова го оцени како „провокација на СДСМ“.

„Левица ја оценува како бесрамна реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ во која нашиот член се нарекува провокатор на СДСМ и во која отсуствува осуда на физичкиот напад извршен во присуство на лицето кое е на чело на нивната партија“, се вели дополнително во соопштението на „Левица“.