Средба Спасовски-Гашиќ: Интензивна соработка и меѓусебна доверба

Сподели

 

Топло добредојде во Белград од страна на мојот српски колега, МВР на Република Србија, Братислав Гашиќ, на чијашто покана денеска сум во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Србија, со цел да оствариме билатерална средба да ги размениме нашите искуства и мислења за продлабочување на соработката, изјави министерот Оливер Спасовски.
 
На средбата беше истакнато дека градењето меѓусебна доверба и регионалната соработка се клучни елементи за стабилноста на нашите земји, но и во целост за регионов.
 
 
 
 
Во однос на билатералната стратешка и оперативна соработка помеѓу двете МВР, можам да констатирам дека истата се реализира доста интензивно, како преку продуктивната договорна соработка, така и преку непосредни контакти на двете полициски служби, решавање на заеднички случаи, мешани патроли, вршење на гранични проверки и воопшто преку спроведување на заемна партнерска полициска соработка, придонесувајќи на тој начин за зачувување на безбедноста и стабилноста во двете држави и во регионот.
 
Можам да пренесам само пофални зборови за соработката со српските колеги, кои се присутни на нашата јужна граница во Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница и кои преку своето искуство, знаење и утврдени практики на работење, придонесуваат кон развивање на капацитетите на македонската гранична полиција.