Земјотрес од 7,2 степени во Таџикистан

Сподели

 

Земјотрес од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, објави кинеската државна телевизија, повикувајќи се на информации од Кинескиот центар за земјотресни мрежи. Земјотресот е регистриран во 8 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина и силно бил почувствуван во некои области во западниот кинески регион Ксинџијанг, вклучувајќи ги Кашгар и Артукс. Засега нема информации за жртви. Снабдувањето со електрична енергија и комуникацијата се нормални во Кашгар, пренесува Ројтерс.

Железничкиот сообраќај во Ксинџијанг е запрен, посебно на оние возови кои сообраќаат во делот Аксу до Кашгар. Локалните власти ги проверуваат мостовите, тунелите и опремата за сигнализација.