Кратко траеше престојот во Атина – Tрофејниот бразилец се врати од каде што почна!

Сподели

Бразилецот Марсело го раскина договорот со Олимпијакос бидејќи не се претстави според очекувањата во Атина.

Тој остана 6 месеци во Пиреја откако го напушти Реал Мадрид по 15 години минати во шпанската престолнина.

За тоа време освои 5 титули во Лигата на шампионите и се запиша во историјата на најголемиот клуб во светот.

Сега се врати таму каде што почна се, во татковината Бразил и големиот Флуминенсе.

Еден од најпопуларните клубови во Бразил потпиша со левиот бек и на тој начин се врати во клубот каде што порасна.

Марсело за Бразил одигра 58 натпревари и постигна 6 гола.

The post Кратко траеше престојот во Атина – Tрофејниот бразилец се врати од каде што почна! first appeared on .

Powered by WPeMatico