Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, ќе престојува во посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кадешто утре, на 6.мај, во Вестминстерската опатија, во Лондон ќе присуствува на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети.