Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за играње тенис, поради тоа што беше обвинета за користење на недозволени супстанци.
Според претседателот на руската тениска федерација, Марија Шарапова на терен може да се врати на почеток од следната година.
„Конечната одлука за нејзиниот статус ќе се донесе за некој месец, но моја претпоставка е дека Марија на терен ќе се врати на почетокот од следната година“, тврди Тарпишчев.
Некогашната прва светска тенисерка беше позитивна на тестот за недозволени супстанци, веднаш по одржувањето на Австралија Опен, по што се случи нејзината пресконференција, на која таа ја информираше јавноста за што точно станува збор.
The post Шарапова се враќа на тениските терени на стартот од 2017 година! appeared first on Спорти.
Source: Sporty