Планираните внатрешни избори во ДУИ ќе се одржат по предвремените парламентарни избори. Ова е една од опциите која се разгледува во раководството на партијата, иако во некои општински организации беше предвидено да се одржат пред изборите, информира ИНА.
„Можно е целата процедура да биде одложена за по парламентарните избори, односно на пролет, за да не се подигнат тензии. Целата енергија на партијата ќе биде насочена на парламентарните избори, констелацијата на партијата и единството помеѓу патртиите“, изјави за ИНА функционер на ДУИ.
Ваквата одлука е заради елиминирање на тензиите и внатрешните партиски проблеми, особено со оглед на проблемите во општинските организации и инцидентите, како оној со убиство и повреди во Куманово.
Во повеќето општински организации, претседавачите и партиските раководства ќе продолжат со работа се до завршување на изборите.
Извор: Лајм