Пендаровски: Во моментов има повеќе шанси да се кандидирам за втор мандат отколку да не се кандидирам

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 зборува за актуелните политички случувања во државата, за двете убиства кои ја потресоа македонската јавност, состојбите со корупцијата, законските решенија и предлозите за нивни измени, како и за претстојните парламентарни и претседателски избори и дали ќе се кандидира за втор мандат.

 

 

“Добра одлука е претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно, пред сѐ од финансиски аспект, како и поради обезбедување на подобра политичка мобилизација и излезност на граѓаните, што е важно и за легитимитетот на избраните политичари.  

-Не може некој да ме убеди, ако вие имате рејтинг, или немате рејтинг во април, вие ќе го додадете или изгубите во јуни“, рече Пендаровски. Во однос на прашањето дали смета дека ДУИ може да ги мобилизира своите гласачи ако го поддржат на претседателските избори, претседателот изјави дека сите албански политички партии ќе имаат проблем да го мобилизираат своето членство, ако во вториот круг останат двајца Македонци”, изјави претседателот Пендаровски.