Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва по завршувањето на лидерската средба изјави дека е добро тоа што е потпишан договор за фер и демократски избори на 11 декември.
– Но, поважно ќе биде ако партиите што ќе ја сочинуваат владата од задутре, дадат голем придонес тоа да се случи и на терен. ДПА ќе продолжи да се однесува конструктивно, а главна надеж и гаранција за нас останува меѓународниот фактор – САД, ЕУ и другите институции кои ќе ги набљудуваат изборите во Македонија, изјави лидерот на ДПА.