ОДЛОЖЕН СТУДЕНТСКИОТ ПЛЕНУМ ЗА 05. ОКТОМВРИ

Сподели

studentski-plenum1

Студентскиот референдум се одложува за идната среда, на 5 октомври, соопшти Студентскиот пленум. Причините за одложувањето се уписите за семестар, поради кои голем број на индекси се на заверка во студентските служби и ги оневозможуваат студентите да гласаат на референдумот, исто така, добар дел од студентите се уште не се вратени од летните размени во странство.

„Референдумот, иако неформален и необврзувачки, претставува важна алатка за искажување на ставовите на студентите на УКИМ и практикување на алтернативна форма на студентско организирање, во моменти кога претставничкото тело е безгласно и не е легитимен претставник на студентите. Затоа и ќе пробаме да обезбедиме непречен процес на гласање, кој за прв пат ќе им овозможи на студентите да практикуваат демократија“, потсети студентката Деа Здравковска од Пленум.

Идејата за одложување на референдумот беше предложена на вчерашната јавна дискусија, организирана од Пленумот, а на која тие ги образложија причините зошто го поддржуваат нивниот модел на студентско организирање, односно Студентскиот парламент да биде тело во рамки на Универзитетот.