МОБ, 05. октомври
Оваа претстава е веќе 10 години на репертоарот на МОБ и се уште предизвикува должно внимание кај публиката. Претставата е инспиративна приказна за животот на славната американска балерина Исидора Данкан и рускиот поет Сергеј Есенин.
Либрето, кореографијата и режијата се на Олга Панго, музиката на Калиопи Букле, сценографија и костимографија Благој Мицевски.
Настапуваат: Исидора – Саша Евтимова, Есенин -Игор Веланоски, Јас Исидора – Maрија Јосифовска Ристовска, а играат и Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Марина Анастасовска, Стефан Кочевски.