СДСМ извести дека вечерва во 21:45 до ДИК ќе бидат доставени кандидатските листи за пратеници од сојузот на СДСМ, коалициските партнери и граѓаните.
Претходно, ДИК извести дека до 20 часот вечерва кандидатски листи за претстојните предвремени парламентарни избори поднеле партиите ПДП, ЛП, Левица и Коалицијата за промени и правда.
Рокот за поднесување на кандидатските листи за изборите на 11 следниот месец истекува ноќеска на полноќ.
ВМРО-ДПМНЕ се уште нема поднесено кандидатска листа, ниту пак ги има обелоденето кандидатите. За разлика од нив СДСМ во неделата одржа конгрес каде беа изгласани од делегатите.
Истовремено на полноќ завршуваат и роковите за јавниот увид во Избирачкиот список, за пријавување на државјаните на Република Македонија за гласање во странство и за обновување на избирачкото право на лицата со спорни записи по последните теренски и административни проверки на Избирачкиот список.