Протест пред Град Скопје во понеделник, граѓаните „ќе закажат термин“ за чист воздух

Сподели

vozduh

Повеќе еколошки организации во понеделник ќе се соберат пред Општината на Град Скопје за да го изразат својот револт од огромното загадување на воздухот и ги повикуваат своите сограѓани да им се придружат.

Според повикот за протестниот собир, насловен „Мој термин за чист воздух“, граѓаните уште еднаш ќе ги повторат причините зошто е важно да се најде долгорочно решение за овој проблем.

„Ако ве прашаат зошто протестирате:

1. Имаме најголемо аерозагадување од канцерогени PM2.5 честички во Европа (39.4 m3 годишен просек), според Светска Банка.
2. Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска Банка.
3. Во 2015 година, секое второ дете имало респираторни здравствени проблеми според Институт за јавно здравје.
4. Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација.
5. Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и „тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон“, стои во најавата за протестниот собир. 

Протестниот собир ќе започне во 17 часот.

radiomof.mk