Апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна, информираат од ДИК.
Од ДИК информираат дека од утре (вторник) ќе биде достапна и апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во дипломатско конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство.
Денеска ДИК имаше одредени технички проблеми со апликацијата за проверка на граѓаните во Избирачкиот список.
„Техничките проблеми немаат никакви последици ниту влијание врз Избирачкиот список, организацијата како и врз спроведувањето на претстојното гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија“, велат од ДИК.