Вангеловски се сретна со Зврлевски и со Додевски, Јанева му одложи

Сподели

Новиот претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Јово Вангеловски, денеска во највисокиот суд во државата, на негова покана, имаше оделни средби со републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, и со претседателот на Адвокатската комора, Никола Додевски.

Вангеловски во 13 часот требаше да одржи средба и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но поради неодложни обврски Јанева го одложи состанокот. Вангеловски соопшти дека дополнително ќе биде закажан нов термин за средба со Јанева.

По средбата, Вангеловски и Зврлевски изјавија дека состанокот бил во насока на подобрување на комуникацијата помеѓу Врховниот суд и Јавното обвинителство.

Претседателот на Врховниот суд и претседателот на адвокатската комора Додевски, кој му е адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на други осомничени и обвинети во случаите на СЈО, меѓу кои и бизнисменот Сеад Кочан, средбата ја оценија како многу продуктивна за подобрувањето на позицијата на адвокатите во правосудниот систем.

meta.mk