Демонстрантите кои влегоа во Собранието ја зазедоа Пленарната собраниска сала каде претходно Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието. Стотина демонстранти во салата ја пеат химната. Дел од нив се во холот, а дел се обидуваат да влезат во прес салата кадешто се наоѓаат Зоран Заев, пратениците на ДУИ и новинарите. Нашиот репортер од Собрание, јавува за тензична атмосфера и вели дека демонстрантите се обиделе да влезат во прес салата и ја скршиле кваката на вратата. Демонстрантите во холот на Собранието извикуваат „Македонија“, „Нема да ви помине“, „Избори“, и пеат песни со навредлива содржина за Албанците.