Европскиот парламент со 503 гласови за, 113 против и 45 воздржани ја усвои резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Во резолуцијата, европратениците уште еднаш препорачуваат да почнат преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.
Резолуцијата претрпи мали промени, кои ја зедоа предвид еволуцијата на ситуацијата во Македонија, а вкупно беа поднесени 40 амандмани.
Гласањето на резолуцијата, по претходната расправа во февруари на Комитетот за надворешни работи и на пленарната сесија, беше одложен неколкупати со оглед на политичката криза во Македонија. По изборот на претседател на Собранието и составувањето на новата Влада, Европскиот парламент одлучи резолуцијата подготвена од известувачот Иво Вјгл да ја стави на дневниот ред.