Лицата со посебни потреби и нивните родители повторно ќе кампуваат во паркот „Жена борец“. Нивниот собир, со цел за поголеми права, го организира граѓанската иницијатива „5 до 12“.
„Сите заедно ќе покажеме дека сме свесни и зрели да ги прифатиме овие лица како еднакви и рамноправни, и сме спремни сите заедно да се заложиме за остварување на нивните права“, стои во повикот за поддршка испратен до јавноста и одговорните во Собранието и новата Влада.
Инаку, во иминатиов период иницијативата „5 до 12“ оствари средби во Собранието и работни состаноци со ресорните министерства, но се уште чекаат од ветената поддршка да произлезат и конкретни резултати. Денеска од кампот спроти Собранието тие реагираат дека се’ уште нема никакви конкретни резултати.