ПРИБЕ: Oпструкциите на мандатот на СЈО го покренуваат прашањето за континуитет што е од суштинско значење за обезбедување на кривична одговорност

Сподели

Eвропската Унија го објави вториот извештај на експертската група на Прибе во однос на владеењето на правото. Експертската група во јули беше во посета на Македонија. Во извештајот е нотирано дека СЈО мора да продолжи со работа, бидејќи како што е наведено, од суштинско значење е да продолжи кривичното гонење на одговорните за нелегалното прислушување.

„Поминаа скоро 2 години откако започна СЈО започна со работа и нема ниедна ефективна судска пресуда, што создавa перцепција за неказнивост“, напиша во новиот извештај за Македонија, Рајнхард Прибе.

„Градењето на доверба во државните институции и функционерите мора да биде реизградена. Се уште генералната јавност има чувство дека институциите им служат на партиите и функционерите, а не на граѓаните и државата. Минимален прогрес е направен во врска со масовниот скандал со прислушувањето и енормното кршење на човековите права и слободи, поврзан со отпочнувањето на истраги за оние кои грешеле и го кршеле законот. Но, неопходно е овие постапки да се одвиваат што позабрзано и како приоритетни. Превенирањето и сузбивањето на корупцијата и непотизмот во сите нивоа од власта, мора да бидат врвен приоритет.

-Утврдувањето на кривичната одговорност за нелегалното прислушување е од суштинско значење и мора да продолжи да се спроведува. И покрај критиките, опструкцијата и не-кооперативниот став на широк опсег на клучни институции, вклучувајќи го и обидот на претседателот да ги помилува сите дури и оние кои потенцијално би биле под истрага, СЈО сепак покажува посветеност и компетентност. Сепак, ограничувањата и опструкциите на мандатот на СЈО го покренуваат прашањето за континуитет што е од суштинско значење за обезбедување на кривична одговорност. Постојат различни опции за да се обезбеди овој континуитет. Силна правна основа за ова е неопходна, се вели во најновиот извештај на Прибе.

„Исклучително е важно фукцнинирањето на парламентот меѓу сите политички чинители и дебати по системски важните прашања. Комисијата за изборите и именувањата има криуцијална улога во поставувањето на незавсни личности и професионалнци, кои ќе ги контролираат владините и државни тела и органи, особено во областа на судството. Затоа парламентот мора јасно да покаже објективност и одговорност при овие именувања. Вакивите именувња треба да и служат на државата и граѓание, а не на партиите и нивните интереси. При именувањата на ваквите позции, треба да се имаат предвид лица со правилна експертиза и релевантност, а не врз база на политичка припадност“, стои во извештајот.

Целиот извештај на следниот линк.