Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува четвртиот извештај за работата на СЈО

Сподели

Советот на јавни обвинители денеска ќе го разгледува четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство.

На седницата е поканетa да присуствува обвинителката Катица Јанева. По завршување на средбата, се очекува Штериев и Јанева да дадат изјави за медиумите.

Новиот претседател на Советот, Коле Штерјев, призна дека досега имало проблеми во комуникацијата со СЈО, а во одредени ситуации дури и опструкции.