Судот го прифати обвинението за “Тврдина”

Сподели

Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати обвинението за случајот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кој се однесува на незаконско уништување на два системи за прислушување во МВР и незконско следење на комуникации.

Во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои се споени во едно обвинение се опфатени 12 лица, меѓу кои и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, како и поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се наоѓаат во екстрадиционен притвор во Солун.

Се очекува деновиве Кривичниот суд да го одреди датумот кога обвинетите ќе седнат на обвинителна клупа