Зимбабве: Мугабе се појави во јавноста

Сподели

Претседателот Роберт Мугабе денес се појави во јавноста во главниот град Хараре, првпат откако во вторникот, војската на Зимбабве се сврте против него, пренесува Anadolu Agency (AA).

Мугабе присуствуваше на свеченоста на дипломираните студенти на Отворениот универзитет на Зимбабве.

Вчера тој се појави на слика со генералите за кои се тврди дека стојат зад воените интервенции. Според мислењето на некои аналитичари, војската сака да остави впечаток дека во земјата сѐ е нормално.

Мугабе и неговото семејство рекоа дека се задржани во куќен притвор, откако војската ја презеде контролата над Зимбабве.

Порано во текот на денешниот ден, одбранбените сили на Зимбабве соопштија дека е постигнат напредок во преговорите со претседателот Мугабе, во чии рамки од него побараа да се соочи со реалноста дека дошол крајот на неговото владеење и да отстапи од функцијата.