Груби со НАТО ја почнува посетата во Брисел

Сподели

Претседателот на Комисијата за европски прашање на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, ја започна дводневната посета во Брисел со средба со Кнут Кирстен, одговорен за политичкото одделение на НАТО за Македонија, како и со политичките претставници во НАТО на САД, Велика Британија, Унгарија, Романија, Словенија, соопштија од Комисијата за европски прашања.

На средбите Груби ја истакнал неопходноста за итно членство на Македонија во НАТО и подготвеноста на властите во Скопје за сериозно и итно решавање на реформите, прашањата со соседите, Грција и Бугарија.
Покрај добрососедството, Груби говорел и за посветеноста на Скопје кон спроведување на реформите за да се гарантира владеење на законот и правото во Македонија, јазичната еднаквост и останатите теми од интерес за соговорниците.

Пратеникот Груби исто така денес учествувал на тркалезната маса со тема: „Западниот Балкан на крстопат: Нови предизвици, променета динамика„ која се одржува во Брисел, на покана на „Пријателите на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика.