ОН: Во Сирија силите на Асад сексуално ги злоупотребувале жените, девојките и мажите

Сподели

Незавната меѓународна комисија на Обединетите нацииво најновиот извештај за истрага во Сирија се наведува дека силите лојални на сирискиот режим на Башар ал-Асад и нивните сојузници сексуално злоупотребувале жени, девојки и мажи и со тоа извршиле воено злосторство и злосторство против човештвото.

Во извештајот се наведува дека членови на армијата на Асад и неговите сојузници силувале и сексуално злоупотребувале жени, девојки, мажи и момчиња со цел на тој начин да се казнат опозициските групи.

Исто така додава дека сексуалното насилство врз жените, девојките, мажите и момчињата е проблем кој е присутен уште од самиот почеток на војната во 2011 година.

„Владините сили и нивните сојузници, односно некои милитантни групи, за време на операциите на терен и пребарувањата на куќите за да ги уапсат демонстрантите и членовите на опозицијата силуваа жени, девојки, а понекогаш и мажи. Уапсените, жени и девојчиња биле изложени на насилство и понижувачки постапки, беа силувани, а често беше забележано и масовно силување. Мажите обично биле изложени на силување со одредени предмети, додека некои се здобиле со повреди на гениталиите”, се вели во извештајот на ОН.

Се наведува дека најмладата жртва на сексуална злоупотреба во Сирија е девет-годишно девојче, додека меѓу жртвите се наоѓаат единаесетгодишни момчиња.

Покрај тоа, жените, девојките, мажите и момчињата беа изложени на силување и во политички и разузнавачките служби во сирискиот режим.

Силувањата кои ги извршуваа режимските сили се регистрирани во градовите Алепо, Дара, Хомс, Хама, Хараста, Taртус, Латакија и Дамаск, како и во воениот затвор Саиднаја и воениот аеродром Мезех.

Во извештајот се наведува и дека силите на сирискиот режим силувањето го користеле како метод за да проговорат за време на сослушувањето.