Случај “ПОТКУП”: Одбраната на Заев бара снимките да се гледаат јавно

Сподели

На денешното рочиште за случајот „Поткуп“, премиерот Зоран Заев и неговите адвокати  побараа и јавноста да биде во судница кога ќе се презентира како доказ снимката за наводното договарање на поткупот.

Заев и во претходниот период во изјави за медиумите велеше дека ќе бара видео снимката да и се презентира на јавноста за да биде позната целата вистина, бидејќи како што посочуваше не била објавена целата снимка.

Обвинителството не се согласува со барањето на одбраната јавно да бидат прикажани пи мерките.