Пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски вчера попладне физичи бил нападнат на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Инцидентот го потврди и Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Во изјава за медиуми Милевски вели дека додека се движел по плоштадот непознато лице се доближило до него и почнало да го удира со тупаници по главата.
– Успеа да ме удри неколку пати по што го оттргнав од себе. Присебноста не ми дозволи да му возвратам во тој момент и добро е што избега, бидејќи не знам како ќе завршеше целиот настан, вели Милевски.
Лидерот на ЛДП посочува дека целиот настан се случил многу брзо и без никаков повод.
Милевски добил телесни повреди по што отишол во болница, а случајот го пријавил и во полиција. Оттаму го потврдуваат настанот.