Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Тодоров

Сподели

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава за несовесно работење во службата против поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, и против П.В., раководител на Единицата за спроведување на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на јавните здравствени установи при Министерството за здравство.

Во пријавата до Основно јавно обвинителство – Скопје (ОЈО), УФП вели дека во врска со договор склучен во 2010 година со изведувачот Конструктор Инженеринг АД – Сплит, за градежни и градежно-занаетчиски работи за Општа болница Куманово, Општа болница Кочани и Општа болница Крива Паланка, дозволиле ненавремено и неквалитетно изведување на работите.

Според УФП, тие во 2011 година не се обиделе да ја наплатат банкарската гаранција од 3,81 милиони денари (речиси 62.000 евра), ниту пак побарале да се продолжи нејзината важност.

Потоа во 2012 година е раскинат договорот со хрватскиот изведувач и биле ангажирани нови изведувачи, кои ги довршиле почнатите работи и вршеле поправки.