Францускиот претседател Макрон ги повика денеска Европејците да го бранат својот модел на либерална демократија, во време на ширење на автократски режими ширум светот и нелиберални демократии внатре во ЕУ.
Тој повика за итен состанок за договор за планот за реформа на валутата во еврозоната и економската унија, и додаде дека Франција е подготвена да го зголеми својот придонес во буџетот на ЕУ.
Притоа, додаде -“Европската унија не треба да прима нови членки додека интеграцијата не се продлабочи и не бидат спроведени реформи”.
Во говор во Евеопскиот парламент, Макрон нагласи дека „сака да бидат примени државите од Западен Балкан во европскиот проект, но дека времето за нивното членство сѐ уште не е дојдено“, пренесе МИА.
– Ќе поддржам проширување само кога прво ќе има продлабочување на интеграцијата и реформи во нашата Европа – потенцира Макрон.
Лидерите од ЕУ и Западен Балкан ќе имаат самит на 17 мај во Софија за да се разгледа иднината на регионот.