ВМРО-ДПМНЕ повика на протести против името утре во Битола

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ повика на протести утре попладне во Битола против договорот меѓу Македонија и Грција за спорот за името и погрешните политики на Владата.

Протестот е предвидено да започне во 13.30 часот, а собирното место е пред спортската сала во Битола, ќе продолжи низ Широк Сокак се до споменикот на Гоце Делчев пред Домот на културата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштуваат, изградил став дека се работи за исклучително штетен договор, кој е во апсолутна спротивност со државните и националните интереси на Македонија. Акт на пораз и капитулантско дело на Зоран Заев, наведуват од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот сам по себе ги одразува грчките максималистички барања и според партијата, тој предвидува уставни измени кои ќе имаат несогледливи последици по идентитетот на државата и народот.