Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt – http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.
Во рамки на активностите на проектот, Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје за можноста за учество на семинар што ќе го истражува односот помеѓу историјата на уметноста и кураторството, како и наративноста вклучени во кураторството. Ќе се фокусира на современите изложби на уметноста на дваесеттиот век. Семинарот се состои во сесии за изложби и сесии за студии на случај, вклучувајќи и дискусија за есеи, посета на изложба со дискусија и учество на независен куратор.
Локацијата каде што ќе се одржи семинарот се наоѓа во центарот на градот Авеиро во Португалија, во Конгресниот центар што е сместен во поранешната Фабрика Јеронимо Переира Кампос, која датира од 1916 година. Од 1995 година е конгресен центар, најрелевантен во регионот и професионален центар за обука. Семинарот е отворен за локални куратори и уметници (родени или жители ) во кој било од градовите што учествуваат во “CreArt” Мрежа на градови за уметничко творештво”.
Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери