Спасовски: Ова е историски ден за нашата држава

Сподели

Ова е историски ден за нашата држава и секој граѓанин треба да биде среќен што ќе можеме да станеме дел од НАТО и Европската унија, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешното гласање на гласачкото место во Куманово.

-Очекувам да имаме мирен ден, да имаме демократска, цивилизирана атмосфера во која граѓаните самостојно ќе ја носат одлуката. Секој граѓанин ќе го каже својот став за Македонија и за иднината на нашите деца – рече Спасовски.

Министерот Спасовски рече дека гласањето почна без поголеми проблеми.

-Секако дека доколку се случи да имаме нарушување на процесот на гласање ќе интервенираме затоа што никој нема право да го загрозува процесот на гласање и никој нема право да врши притисок врз ниту еден граѓанин- рече Спасовски.