Заев: Нема потреба од дополнително отворање на Пандорината кутија

Сподели

Премиерот Заев денеска порача дека нема потреба од дополнително отворање на Пандорината кутија, коментирајќи ги барањата на албанската опозиција – крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами и Алијанса на Албанците да поднесат предлог-амандмани на Уставот, со кој Македонија ќе се дефинира строго како граѓанска држава, а албанскиот јазик да биде рамноправен со македонскиот јазик.

За вчерашната изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во емисијата „Топ Тема“ на телевизијата Телма дека и Охридскиот Договор треба да биде вклучен во преамбулата на Уставот, премиерот рече дека тоа прашање е затворено во 2011 година.

Тој додаде дека не очекува блокирање на процесот на уставните измени во Собранието, особено не од ВМРО-ДПМНЕ