Девојчето од Шведска ги стресе лидерите: Вие не сте доволно зрели да ни кажете како стојат работите

Сподели

Нашата цивилизација е жртвувана заради можноста многу мал број на луѓе да продолжат да заработуваат огромни суми на пари. Нашата биосфера е жртвувана за богатите луѓе да можат да живеат во луксуз, рече 15-годишна активистка од Шведска, Грета Тунберг, на Конференцијата за климатски промени во полскиот град Катовице, – објави “МЕТА”.

Таа ги обвини светските лидери дека само зборуваат за зелена економска иднина, бидејќи се плашат да бидат непопуларни.

– Вие цело време зборувате за одење напред со истите лоши идеи кои и нѐ доведоа до овој хаос, дури и во моменти кога единствено разумно нешто е да се крене рачна. Вие не сте доволно зрели да ни кажете како стојат работите. Дури и тој товар ни го оставате на нас децата. Вие велите дека ги сакате вашите деца повеќе од сѐ, но, сепак, им ја крадете иднината пред нивни очи – кажа Тунберг, која се обрати во името на глобалната мрежа „Климатска правда сега“.

meta.mk