„Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ – изложба на Дороти Пачкова

Сподели

„Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ – изложба на Дороти Пачкова во Тетово, “TRANSCENDENT FEMINISM”, 25.јануари

Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап.

Главната цел на овој мал, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки.

Претендирајќи дека сингл мајката може/е успешна, целејќи да ја извади оваа жена од улогата на жртва, лузерство, неуспех, самосожалување и не давање на шанси за подобар живот на себе и на своите деца.
Дополнително има за цел, да ја анимира пошироката публика во однос на способностите на овие жени, да еманципира дека не се канцер на општествата.
Воедно се надева дека ќе ги поттикне и мотивира и донесувачите на одлуки за јавните родови политики кои ги опфаќаат/кои се однесуваат на жените, да излезат од игнорантската позиција, после 28 години и да одговорат според нивните специфични начини на дејствување и живеење, кои им ги наметнуваат семејните околности.
Со ваков вид на позитивна акција/афирмација, се отвараат нови перспективи и се детабуизира, се дестигматизира и унапредува позицијата на овие жени, а и се мотивираат сите жени, со и без деца и од различни типови на семејни конструкти.

Исто така, проектот сака да создаде ефективен круг на феминистичко уметничка, конструктивно критична маса, што е пак помала подгрупа во големата сфера на феминистичка теорија која ги истражува дискриминацијата, сексуалната објективизација, угнетувањето, патријахалноста стереотипизирањето и слични родови проблеми.
Вака се создава потенцијална можност за идни инклузивни, здружени соработки, кои организирано ќе третираат уметничко-културни-родови предизвици.

Проектот го формираат концептуални фотографии, 10 до 15, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие. Фотографиите ќе референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и реку перспектива на сингл мајчинство.
Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно матрикс.

Изложбата е мала и патувачка, беше поставена, почнувајќи од Октомври, 2018 година во Галерија, Струга – Музеј д-р Никола Незлобински Струга – Dr Nikola Nezlobinski Museum Struga, Галерија Вангел Коџоман, Штип – @Младински културен центар, кај Goran Trajkov, Охрид – IKAR Hut кај Ilina Arsova и Скопје, Koncept Centar Edna Moze/edna Pravi, а сега следува ТЕТОВО – Muzej Tetovo МУЗЕЈ на Тетово на ден 25.01.2019 година (петок), од 17:30 часот.

Последната поставка е закажана за Битола MKC Bitolahttps://www.facebook.com/mkcbt/, на 07.02,2019 година, од 19:00 часот.

Дел од изложбите беа поставени во државни галерии и музеи, дел во јавен простор а дел во приватен имот, со цел да се нагласи идеата дека местото на жената е каде таа ќе одлучи и ако сака – секаде, и во приватната и во јавната и културна сфера.

На секоја изложба, се собираат податоци од посетителите/ките, со цел да се започне со архива на заинтересирани за феминистичко критичко конструктивна уметност.

“A photograph should transcend itself, the image its medium, in order to have its own presence” (Sherman, Statement 926).

Проектот е во интелектуална сопственост на осмислувачката, Doroti Pachkova а се создава со поддршка на Министерство за култура / Ministria e Kulturës, и експертска колаборација со автономна фотографка, избрана на неформален јавен повик, Leni von Geleva

Бидете слободни и свои и “stay tuned”, за она кое следи,
со љубов,
Дороти