Хрватскиот парламент денес со 116 гласови „за“ и два „против“, даде зелено светло на членството на нашето во НАТО.
-“И честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО. Хрватска ќе ви биде поддржувач за влез во ЕУ”, рече претседателот на хрватскиот сабор, Гордан Јандроковиќ, по гласањето, на кое присуствуваше и македонска делегација, предводена од потпретседателката на парламентот Фросина Ременски.
По Грција, Албанија, Словенија и Бугарија, Хрватска стана петтата земја членка на НАТО што го ратификува протокот за НАТО.
Попладнево се очекува истото да го направи и собранието на Црна Гора.