Картугалос: Преименување на Аја Софија во џамија е навреда за христијаните

Сподели

По локалните избори во Турција, закажани за 31 мај, музејот Аја Софија која што се наоѓа во Истанбул, може да биде претворена во џамија, изави турскиот претседател, Реџет Таип Ердоган.

– Не е невозможно, многу e возможно. Можеме дури и да смениме повеќе да не е музеј, туку џамија. Туристите доаѓаат и бесплатно ги посетуваат џамиите на  султанот Ахмет, Сулејман, Фатих џамија, така што тие би можеле да ја посетат и Света Софија. Ќе го изгуби статусот на музејот, кој секако беше последователно доделен – рече Ердоган.

По оваа изјава на Ердоган, шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос пренамената на Аја Софија во џамија, оцени како навреда не само за христијаните туку и на меѓународната заедница.

-Секој спор за овој статус не е само навреда за христијанските чувства, туку и навреда на меѓународната заедница и меѓународното право. Сакаме да се надеваме дека исправните изјави на турското раководство од 16 март ќе се применат и нема да има промена на нејзиниот статус, посочи Картугалос.

Според Катругалос, Аја Софија со векови била најголема христијанска црква и оти е на списокот на УНЕСКО како светско културно наследство.