Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, во интервју за телевизијата БТВ изјави дека Гоце Делчев е заедничка историска личност за Македонија и Бугарија и не гледа зошто толку двете држави се караат.
,,Гоце Делчев е заеднички. Имаме заедничка историја. Точно тоа го кажува и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави. Во тој договор Бугарија сака да ја кажеме вистината. Гоце Делчев е бугарин, виден револуционер, една од најважните фигури и за нив, се борел за автономија на Македонија и Одринска Тракија. Не гледам зошто толку се караме за него. Мислам дека оваа личност треба да не обединува, а не да не разделува, изјави Захариева.