За традиционалниот Илинденски марш што годинава ќе се одржи по 41 пат, на конкурсот за пријавување учесници избрани се дваесет коњаници, кои наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.
Коњаничкиот марш како и секоја година, ќе стартува на 27. јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а истата се одржува под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје.