ЦСКА Москва по продолжувањето на соработката со тренерот Димитрис Итудис, одлучи да им понуди нови договори на уште три од своите досегашни играчи.
Прво Иван Лазарев доби нов договор, потоа капитенот Викторн Хрјапа стави потпис на уште една сезона, а клубот потврди дека мвп-то на евролигата Нандо де Коло ќе остане уште три сезони во московскиот клуб.
„Многу сум среќен што ќе продолжам да играм за ЦСКА. Се вратив во Европа за да играм, да ги искористам понудените опции и да сносам повеќе одговорност на паркетот.
,,Тоа и го направив токму овде. Оваа година имавме фантастична сезона и ова е тоа што сакам да продолжам да го правам – да играм за најдобриот клуб во Европа и да бидам еден од лидерите, истакна Французинот.
The post Ништо од враќање во НБА, Де Коло уште три години во ЦСКА Москва! appeared first on Спорти.
Source: Sporty