Вилма Русковска: Премиерот Заев прв не извести за „Рекет“

Сподели

 

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјави дека премиерот Зоран Заев прв ја известил дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани.

Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави, посочува Русковска во изјава за „Независен весник.

Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои му се пожалиле дека биле уценувани.

Како одговор на новинарско прашање, Заев појасни дека за тоа, како и секој друг граѓанин, за тие уцени, тој како премиер пријавил.