Џонсон упати жестоки критики до пратениците во Долниот дом кои усвоија закон со кој му се забранува да го извади Обединетото Кралство од Унијата и му наложува да побара ново одложување на Брегзит.

„Тажната вистина е дека гласачите имаат поголемо влијание врз „Јас сум славна личност“ отколку што го имаат врз овој Парламент кој одбива да го испорача Брегзит, одбива да понуди било што конструктивно и одбива избори. Токму во моментот кога гласачите очајно сакаат да им се посветиме на нивните приоритети ние продолжуваме да ја џвакаме супер пластифицираната тема Брегзит” – изјави Џонсон.

Презентирајќи дел од планот, кој треба да му го достави и на Брисел, Џонсон рече дека под никакви околности нема да има проверки на или во близина на границата со Северна Ирска, додавајќи дека тие ќе го заштитат мировниот процес и договорот во Белфаст.

“Можете ли да замислите уште три години од тоа? Ова е агенда на опозицискиот лидер Корбин – останување во ЕУ и по 31 октомври, плаќајќи 1 милијарда фунти месечно за привилегија по неколку години неизвесност за бизнисот и сите”, оцени британскиот премиер. Тој уште еднаш посочи дека е подготвен за Брегзит без договор.