Денеска, во 11 часот, пред Основниот суд Скопје 1 ќе протестира Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).
Како што пишува во најавата за протестот на нивната страница на „Фејсбук“, приврзаниците на ГДОМ ќе протестираат поради куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески.
„Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки!“, пишува во соопштението на движењето.
ГДОМ денеска во 11 часот ќе протестира пред Основен суд Скопје 1