“Нема сомневање дека какво било натамошно одлагање ќе му штети на нашиот кредибилитет на Западен Балкан и на нашите амбиции да станеме посилен глобален играч. Овде зборуваме за наша внатрешна територија, ако на наша домашна територија не можеме да бидеме успешни, тогаш како ќе бидеме на надворешна”.
„Се надевам дека лидерите ќе ја поправат оваа грешка, не сакам да шпекулирам, но важно е да сфатиме колку болни реформи овие земји направија и политичкиот кредит на оние кои успеаја да го сторат ова, ако има негативна одлука, не можам да исклучам дека ќе предизвика интерни динамики, можам само да ги повикам итно сите да се фокусираат и да не се откажат”, изјави Хан на денешната прес конференција, по состанокот за соседска политика и проширување.
Изјави, Јохане Хан