ИЗЈАВИ: ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

Сподели

pavlebogoevski

Не ме плашат лисици и влечење по земја, ме плаши помислата на уште десет години под Груевски. Како човек кој знае што се’ се има случено во нашава држава, кои кривични дела ги има сторено власта и кои докази постојат за тоа, јас не можам да седам мирен. Нема да бидам послушен и доцилен граѓанин, кој дозволува злодела, неправда и опресија. Никој не заслужува да живее во овие мизерни услови на режимска диктатура!

Најдлабоко сум ви благодарен на сите што бевте вчера со мене и кои дојдовте пред ПС „Пролет“ и на целата поддршка која ми ја дадовте на социјалните мрежи, тоа ми дава сила да продолжам. Јас верувам дека Република Македонија може и ќе биде слободна, правна и европска држава. Пријатели, да им покажаме вечер на криминалците од власта што значат обединети граѓани кои знаат што сакаат и кои повеќе не се плашат!

Се гледаме вечер во 19ч пред СЈО.

За правда. За слобода. За единство!