ФК Вардар се засилува со Балотели!

Сподели

Тој има 27 години и доаѓа од Бразил, а презимето му е исто како славниот италијанец Балотели.

џонатан балотели1

Бразилецот треба да го засили првакот на Македонија, ФК Вардар на денот кога ќе се добие противникот во ЛШ.

Вардар во нападот добива играч со звучно презиме, Балотели ќе биде засилување за „црвено-црните“ редови, ама не оној Марио, не е ниту Џон Обрегон, играчот којшто е на проба и којшто е „копија“ со вистинскиот Балотели.

Овој кој треба да дојде во Вардар е Џонатан. Цело име му е Џонатан Боарето дос Реис Балотели.

Висок е 1.85 см, и игра со десната нога, работата е веќе готова, и треба само да се приклучи на екипата во Австрија.

џонатан балотели

Со тоа, конечно шампионот да го добие она по кое беше во потрага, а тоа е голгетер, а но дали овој Балотели ќе биде барем блиску до квалитетите на оној вистинскиот кој сите го познаваат, останува да се види.

Џонатан Балотели во својата кариера игра за Виторија-Пе, Фрибугуенсе, Пескеира, Макае, Аудакс, Калдас Новас, а во последните 6 месеци минал во редовите на Трабалхадоре.

Договорот со Вардар ќе биде во траење од две години, а тој треба да биде засилување во нападот за настапите во Лигата на шампионите, но и за првенствените дуели од идниот шампионат.

The post ФК Вардар се засилува со Балотели! appeared first on Спорти.


Source: Sporty