Кабранов по сведочењето на Камчев: Сѐ било фарса, но сум бил како во земјата на чудата

Сподели

 

Ацо Кабранов на фејсбук го искоментира исказот на Камчев одаден во текот на  денешното сведочење во Рекет според кое  Бојан Јовановски и Сергеј Варошлија го малтретирале по телефон и го терале да пријавува во полиција, за на крај Јовановски да излезе негов спасител – пренесува Либертас.мк.

-“Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведоцењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале. Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се преставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада ми го издиктира матичниот број и адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал.

Јавувањата траеја неколку месеци и преку ден и во ноќните ццасови И секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото му се случуваше и на Боки како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса а мене ми ѕвонесе мојот телефон и се појавуваше неговиот број и секогаш беше истиот човек со истата приказна.

Јас единствено се вознемирив бидејќи го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката каде што имам сметка а потоа и во МВР. Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и него му се случуваше истото.

Признавам, се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на директорот на БЈБ ми заѕвони телефонот и повторно беше тој господинот со опомена дека не е добро што пријавувам во полиција.

Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече ќе провери и ќе се јави. Утредента ме извести дека од МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ добил информација дека постоеле некакви апликации кои се купувале евтино, чинам рече од Србија, и така малтретирале луѓе и дека се немоќни да заштитат од тоа.

Јавувањата продолжија со истата приказна и велеше дека е спремен да дојде да ми пренел некакви информации за што се работи. Секогаш грубо го одбивав, дури и му се дерев да престане да малтретира. Јавувањата продолжија и по притворањето на Боки, последен пат пред 10 тина дена.

Сега сум тотално збунет, не ми е јасно како информацијата стигнала и до сведокот Камчев. Не сум бил цел на закани но бев вознемирен да не биде злоупотребена мојата банкарска сметка и некој да ме задолжи па да морам да враѓам.

Сега ми е јасно дека се било фарса, не знам од кого, но сум бил како во земјата на чудата. Тоа е вистината “– напиша Кабранов.