Тимот на Порше со бројот два победи на 84-то издание на трката 24 часа Ле Ман.
Трката се возеше пред 250.000 луѓе, а беше решена во последните 5 минути.
Роман Дума, Марк Либ и Нил Џани, му ја донесоа на Порше втората последователна победа, откако до првото место стигнаа во последниот круг, кога Тојотата која ја управуваше Накаџима застана пред стартно целната рамнина.
Тојотата со бројот пет, која покрај Накаџима ја управуваа Себастијан Буеми и Ентони Дејвисон, не успеа да избори пласман, па до второто место стигна вториот тим на Тојота во состав (Мајк Конвеј, Стефан Саразан и Камуи Кобајаши).
На третото место се пласираше втората посада на Ауди во состав (Оливер Џарвис, Лукас де Граси и Лоик Дувал).
Овогодишното издание на трката во Ле Ман беше едно од највозбудливите во историјата, бидејќи на крајот разликата меѓу првиот и вториот изнесуваше помалку од 8 минути, а по 20 часа разликата изнесуваше само една секунда.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=GmvXF0smtks]
The post На 24 часа Ле Ман повторно победи тимот на Порше! appeared first on Спорти.
Source: Sporty