УСАИД ИМ ПОМОГНА НА 170 ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ДА НАЈДАТ РАБОТА

Сподели

431995_10150675445329704_731048946_n-702x315

УСАИД им помогна на 170 лица со попреченост да најдат работа во рамки на проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост, имплеметиран од Моја Кариера.

Како што соопштија од УСАИД, последните четири години Проектот го зголеми учеството на лицата со попреченост во општеството преку подобрување на нивните работни вештини и посета на обуки и различни практични настави. Исто така, на овие лица им беше помогнато да најдат работа или да започнат сопствен бизнис.

„Лицата со попреченост се лица со многу способности и треба да ги имаат истите права и можности како останатите. Обезбедување на овие можности беше целта на овој проект,“ изјави Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија кој ги охрабри присутните да продолжат со зголемување на можностите за целосно вклучување на лицата со попреченост во македонското општество.

Од УСАИД информираа дека со проектот за практикантска работа и вработување на лица со попреченост досега се овозможени 170 вработувања во приватни компании, невладини организации и јавни институции. Од нив 12 се самовработувања. Во рамки на проектот биле реализирани 90 практични настави за лица со попреченост, како и обуки за над 500 лица со попреченост.

RADIOMOF.MK